Незадоволен пациент убил хирург во Краљево

Хирургот од Краљево Слободан Лукиќ (66) починал откако бил сериозно ранет утрово кога во него повеќепати стрелал негов поранешен пациент, пренесуваат српските медиуми.

Напаѓачот е поранешен пациент на Лукиќ, а откако пукал во хирургот се обидел да се самоубие, но бил спречен во тоа од минувачите.

„Видов човек со патерица како проаѓа веднаш до мене и со пиштол почнува да стрела во друг човек, кој по по два испукани куршуми сè уште се држеше на нозе, потоа падна, а човекот со пиштол продолжи да пука во него, испукувајќи уште пет-шест куршуми“, изјавил очевидец за новинската агенција Бета.

 Се претпоставува дека мотивот за нападот бил тоа што пациентот, кој претходно бил лечен од карцином, бил незадоволен од третманот, јавува РТС.

Д-р Слободан Лукиќ бил познат хирург и долгогодишен претседател на ватерполо-клубот Краљево, како и шеф на одделот за општа хирургија во здравствениот дом во Краљево.