Незадоволните гласачи ги решетаа британскиот премиер Риши Сунак и лидерот на лабуристите Кир Стармер во средата вчерта во телевизиска дебата во која беа прашани за минатите одлуки и ветувања за тоа што би направиле доколку победат на изборите на 4 јули.
Во последното соочување во телевизиското студио пред изборите, двајцата политичари се соочија со прашања и коментари од публиката кои укажуваат на секојдневните тешкотии на многу Британци и на недовербата во политичарите.
И додека три седмици пред гласањето анкетите покажуваат мазна победа на лабуристите, Сунак беше пречекан со отворено негодување и тешки прашања поврзани со штрајкот на лекарите и миграцијата.
Стармер беше критикуван од еден гледач за избегнување одредени прашања, вклучително и за тоа зошто го поддржуваше својот претходник, левичарскиот ветеран Џереми Корбин.
Анкетата по дебатата одржана во градот Гримсби, на северот на Англија, покажа дека 64 отсто од испитаниците веруваат дека Стармер бил подобар на настанот организиран од Sky News.
Стармер рече дека ќе почне да ги спроведува своите политики од првиот ден, но не објасни дали бил искрен кога во 2019 година рече дека Корбин треба да стане премиер.
„Сакам да ги засукам ракавите и да работам заедно со вас за да можат да кажат дека владата е на ваша страна. Же биде огромна разлика во однос на последните 14 години“, му порача Стармер на ауриториумот што беше проследено со аплауз.
Сунак беше прашан од присутните во судиото зошто толку долго се чека на преглед кај стоматолог, се пожалија на долгите листи на чекање за други термини во здравство и го пршаа што направил за да го спречи доаѓањето на мигрантите со чамци.
„Знам дека минавме низ тешки времиња, беше тешко за сите вас, но верувам дека го сменивме правецот и имаме јасен план за иднината“, одговори Сунак.