Незадоволство на првиот конгрес на Алтернатива за ефикасноста во власта и за програмските определби за кои партијата на Африм Гаши стана дел од Владата. На конгресот не присуствуваше пратеникот Скендер Реџепи. Тој не е задоволен од настапот на неговиот субјект во Владата за целите за кои станале дел од Владата. Запрашан дали тоа значи раскол, Реџепи вели дека не дошол за да не се случи токму тоа, но дека во суштина има барања за одговорност од раководството, пренесува Алсат М.
Но, Гаши вели дека Реџепи не бил единствениот делегат кој не дошол и оти одлуката е лична.
„Беше поканет како и сите други делегати кои не дојдоа. Сите ги знаат причините, но поканата им беше врачена на секој посебно до секој партиски делегат“, изјави Африм Гаши, претседател на Алтернатива.