Оливер Спасовски си замислил дека е министер со вистински легитимитет од граѓаните и се однесува како ниеден Министер за внатрешни работи досега. Вака искусни правници од Министерството за внатрешни работи ја толкуваат одлуката на технички назначениот Министер за одземање на сите пренесени овластувања во министерството, пишува Пресс 24.
Што предвидуваат измените на Законот за Влада
Порталот потсетува дека согласно измените во Законот за Влада на Република Македонија, во член 44 јасно се нагласува дека ЗАРАДИ ОРГАНИЗАЦИЈА НА ПРЕДВРМЕНИТЕ ИЗБОРИ ЗА ПРАТЕНИЦИ ВО 2016 ГОДИНА, Собранието го избира технички назначениот Министер, со што точно се дефинираат неговите надлежности ограничени на претстојните избори.
Ист таков е мандатот и на дополнителниот заменик на министерот. Односно во член 45 се дефинира дека и неговиот мандат е врзан со организацијата на предвремените избори. Според правниците во МВР суштински се членовите 46 и 47.
Во членот 46, став 2 стои дека Дополнителниот заменик на министерот ЗАЕДНО И РАМНОПРАВНО со министерот учествува во остварувањето на надлежностите предвидени во Законот за организација и работа на органите на државната управа.
Во ставот 3 се нагласува дека дополнителниот заменик, ЗАЕДНО И РАМНОПРАВНО СО МИНИСТЕРОТ ГИ РАЗГЛЕДУВА И ПОТПИШУВА СИТЕ АКТИ И ДОКУМЕНТИ кои ги донесува министерот или лица овластени од него, а се однесуваат на правните, финансиските и кадровските прашања поврзани со организација на изборите. Впрочем мандатот на технички назначениот министер во членот 45 е веќе дефиниран дека се однесува токму на организација на изборите што значи и решението за одземање на овластувањата е токму заради организирање на предвремените избори.
Во ставот 3, се наведува дека СЕКОЈ АКТ ВО СМИСЛА НА ОВОЈ ЗАКОН СЕ ДОСТАВУВА ДО МИНИСТЕРОТ И ДОПОЛНИТЕЛНИОТ ЗАМЕНИК МИНИСТЕР. Двајцата се должни веднаш, а најдоцна во рок од еден ден да го одобрат или одбијат актот во смисла на овој закон.
СДСМ ги погази изјавите на Заев за корективната улога во Владата
Инаку, телеграмата која беше објавена во медиумите и која што целокупната јавност имаше можност да ја види, беше потпишана само од технички назначениот министер Оливер Спасовски, така што повеќе од јасно е дека истиот постапил спротивно на закон.
Затоа членот 47 уште појасно кажува колку тежи оваа одлука на Спасовски. Имено, нагласено е дека АКО АКТОТ ИЛИ ДОКУМЕНТОТ ОД ЧЛЕНОТ 4 НА ОВОЈ ЗАКОН Е ОДОБРЕН Т.Е. ПОТПИШАН САМО ОД ЕДНОТО ЛИЦЕ СЕ СМЕТА ДЕКА ИСТИОТ НЕ ПРОИЗВЕДУВА ПРАВНО ДЕЈСТВО.
Со ова практично се покажува дека СДСМ веќе вториот ден од влегувањето во Владата ги погази сите изјави на лидерот Зоран Заев дека ќе имале само корективна улога, докажувајќи дека тој повторно ја излажа и изманипулира целокупната јавност.