Почитувани колеги од Државниот просветен инспекторат како Законски – овластени државни службеници со посебни овластување за наддзор и контрола со акт бр.09-469/1 од 12.08.2021год. го известувате Државниот универзитет „Мајка Тереза“ т.е Ректорот Азис Положани дека на 02.09.2021година, ќе се изврши редовен инспекциски надзор согласно Годишна програма за работа, месечниот план на ДПИ и надзорот, а ќе се однесува на:
- Поседување на важечки акредитации – реакредитации на постојните студиски програми,согласно чл.48, 69 и 145 од ЗВО,
2. Упис на студенти за академска 2020/2021 год. и
3. Избор на наставно научни и соработнички звања на наставниот и соработничкиот кадар.
Актот е потпишан од страна на Директорот на ДПИ, Ардиан Муслиу, и одобрен од страна на Африм Салиу.
Зошто не е спроведен редовниот инспекциски надзор? Отворено директорот во инспекторатот говорел дека не бил спроведен од причина што (ТОЈ) директорот бил спречен и бил политички притиснат од страна на Азис Положани да истиот не биде изведен. Ова воопшто не ме изненадува. Тоа сум го доживеал.
Да почнам по ред.
Во Државниот Универзитет „Мајка Тереза“ во Скопје има многу незаконити постапки и работење кои се раководени и инструирани лично од страна на Ректорот Азиз Положани, кој раководи со Универзитет, го управува со многу постапки кои се самоволни – Законски не засновани, а кое нешто се спроведува од страна на органите и деканите во Универзитетот и покрај фактот што истите се свесни дека таквите постапки се самоволни и противзаконити. За дел од нив ќе ги наведам:
Во рамките на акредитирани факултети од страна на Одборот за акредитација е и факултетот за Царина, шпедиција и осигурување кој факултет за негова законска функционалност според Законот за високо образование треба да исполни норматив на законската ангажираност на 10 редовни професори во редовен работен однос, која законска норма не е исполнета бидејќи во истиот универзитет т.е факултетот за Царина, шпедиција и осигурување- ангажирано е само еден доцент и тоа Д-р Урим Исени и тоа од областа на осигурување, кој не е во активен работен однос, бидејќи истиот е со постојан работен однос во Царина на РСМ (не е еден од 10-те кои се со активен работен ангажман).
Од распоредот кој бил и е во службена примена се потврдува дека освен погоренаведениот цариник Урим Исени нема ниту неден Професор од областа на Царината и шпедицијата, туку сите професори наведени во распоредите се од други не соодветни области–програми како Еконоската, Менаџмент или Математика кои немаат додирна точка со наставната програма од областа на Царината и шпедиција.
Воедно многу предмети на овој факултет се предаваат од магистранти кои исто така немаат допирна точка со областа на Царината и Шпедиција, а кои законски не се ниту во улога на технички асистенти бидејќи и за таа позиција има законски одредби за исполнување .
Ректорот спроведува постапки заснивани од неговата лична волја и не ги исполнува законско предвидените постапки за објавување на ЈАВНИ ОГЛАСИ за пополнување на предвидените професорски места од акредитираната програма на Царина, шпедиција и осигурување и истите ги пополнува со замени од магистранти кои се не соодветни и веројатно истите ги чува за одредени негови блиски истомисленици и роднини и пријатели.
Затоа мои поранешни колеги од Државниот просветен инспекторат БАРАМ да се изврши редовен или вонреден инспекциски НАДЗОР и од увидот во елаборатот за акредитација и распоредот на предметите од прва до четврта академска година на студиската програма на Факултетот за Царина, шпедиција и осигурување се констатира:
– кои професори се ангажирани ,
– со кои наставно научни звања (начинот и постапката на стекнување на истата),
– дали се со полн ангажман и кои се хонорарно,
– дали иститите се законски во областа на акредитираната програма со елаборатот и врз основа на ЗВО се ангажирани со исполнување на горенаведените пропишани одредби ,
– кои се асистентите, по која постапка се назначени, областа на постапување во замена на професори идр.
Воедно не се утврдува законската постапка на ангажманот на асистенти и нивните ангажмани во поглед на одржување настава, консултации, вежби и испити, како и увидот во предмети каде ке се утврдува дали истите одржуваат испити заменувајќи професори за кое нешто ќе бидат известени и ангажирани и другите надлежни органи и институции со цел утврдување на истите и поведување на кривични постапки.
Од страна на Ректорот Положани кога тој цени и мисли си вработува пријатели, блиски, роднини, без да се спроведуваат законски постапки т.е се почитува правичноста и законитоста со објавување на јавен оглас и во законита транспаретна постапка се врши избор на квалиететен и докажан кадар во областа, еве неколку примери кои евидираат во распоредот кој го имаме заверен како материјален доказ во кој евидираат и предаваат:
- М-р. Едона Винца професор предавач-предмет Англиски (струшка линија),
- М-р Валон Рамадани професор предавач-предмет Животни здр.,
- М-р Блерта Кондри професор предавач-предмет основа на финансии,
- М-р Натира Дика професор предавач-предмет,проверете…
- М-р Гани Реци професор предавач-предмет Царинск Управа (покрај тоа што има проф. д-р од Царина и шпедиција не е примен!? Бидејќи М-Р е соодветен кадар за обавување на дејноста???
Но, за овој Универзитет ќе наведам неколку постапки на НЕПОТИЗАМ при врабтување на покрај горенаведените т.е лица од најблиското семејство кои се носители на јавни функции во Министерство за образование:
– Агим Рушти е директор на Агенцијата за кавлитет на високо образование, која спроведува постапки на надзор и контрола во јавни и приватни високо образовни институции. Тој дојде на оваа директорска позиција од фунцијата државен советник т.е раководтител на секторот за високото образование во Министерството за образование (заблагодарувајќи се на Арбер Адеми за време на неговото министерување а со цел Арбер да му го додели местото од Агим Рушити на неговиот семеен пријател Агим РАМАДАНИ) го вработува неговиот син Валмир Рушити како асистент предавач универзитетот Мајка Тереза, без ниту еден ден работен стаж во само за нив позната постапка за вработување и истиот сега пак „злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување“ притиска да неговиот син биде избран за доцент т.е професор. Ве молам дали оваа е разумно да не зборуваме за законитоста. Истиот Агим Рушити е избран во научно звање и предава во истиот универзитет Мајка Тереза, за каде тој со институцијата со која директорува треба да ја контролира и врши надзор за законитото постапување, а згора на тоа и неговиот син го вработува и уанапредува.
– Агим Рамадани кој е на работно место државен советник т.е раководтител на секторот за високото образование во Министерството за образование, во мистериозни околности преку ден „злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување“ притиска пред да дипломира како магистер во менаџмент на човечки ресурси го вработува својот син ВАЛОН Рамадани како магистер „брилиантен-неспоредлив“ асистент во Мајка Тереза, кој својот ангажман го промовира како асистент и држи предавања со студенти, вежби, консултации како и одржува предметни испити т.е испрашува студенти за испити со овастувања од професорите. Ова се потврдува од увидот во распоредот на предметите каде истиот евидира како професор, увидот во документацијата како пријави и личниот исказ на стутедтите (кои и ќе бидат повикани во службени постапки пред органи да сведочат) за неговиот ангажман.
– Рилинд Адеми кој е доцент и редовно вработен во Мајка Тереза истиот е перманентен професор кој на прерана т.е дечја радост мистериозно докторира во Албанија некаде и заблагодарувајќи му на неговиот брат Арбер Адеми како министер, катапултира како професор во Мајка Тереза без ниту еден ден работно искуство и се избира во наставно научно звање. Од овие причини моите поранешни колеги инспектори барам (по втор пат) да извршат инспекциски надзор, односно да извршат детален инспекциски надзор за начинот на добивање на доцент насловното звање и предметната област на ангажманот.
– Бардил Туши од Струга кој од местото државен советник во Министерство за образование (во мандатот на министерувањето на Положани наводно бил шеф на кабинетот и тој го донел) со превземање преку ноќ 2021 година истиот се префрлува како професор „фатаморгана“ кој докторирал некаде во Тирана, во Мајка Тереза со одлука на Положани кој е близок семеен и роднински пријател по струшка линија. Да се утврдува постапката на превземање и научно наставното звање, како и предметната покривеност заснована во ЗВО додека за постапките на докторатот има дополнителни истражни постапки.
Сите овие како имногу други кои ке бидат утврдени во распоредот на настава претставуваат неоптистичко кланско работење на ректорот Азис Положани кој со „злоупотреба на службената положба и овластувања“ како и „несовесното работење“ со непотизам (погоре дел наведени) создадоа клан и гнездо на луге кои ги завземаат местата и положбата на стручните и способните граѓани кои со образовна кариера и докажана процедура се стекнале со докторски звања, но не се во можност да ја обавуваат професорската дејност за која се кфалификувани и покрај обраќање до Ректорт и факултетот и приложување на легалната докуметација (барање, Си-Ви, докторат, наставните звања, научното работење идр) постојано се одбиени со лаги дека во наредната сесија тоа ќе се заврши. Додека несоодветни лица се вработуваат, превзимаат, унапредуваат преку ноќ предаваат Магистранти кои не се од областа споротивно на ЗВО, само од причина што самоволито, непотизмот и злоупотребата од Положани се поставени за цел временски период над Законот и законските одредби. Стручни колеги со докторати во државни Високо образовни институции докажани во областа не се примаат од кои причини нема објективен одговор кое нешто е и во штета на образовниот систем и самите студенти кои се идна наша интелектуална генерација.
Исто така, огласите и другите јавни распореди не се објавени во веб страната на универзитетот или табла кои согласно ЗВО треба да се истакнати јавно достапни.
Барам, согласно ЗВО да се изврши детален надзор на сите погоре наведени аномалии кои се спроведени од страна на Универзитетот Мајка Тереза, а сето тоа иницирано и спроведени од лица вработени во истиот, испочитувајќи ги самоволните наредби и барања од страна на ректорот Азиз Положани кој е во заминување (и покрај тоа што знаеле и биле свесни дека истите не се законити и преставуваат казниви дела) бидејќи на истиот му е истечен мандатот како легитимен ректор и спротивно на одредбите од ЗВО обавува нелегитимна функција. Ректор (за кое нешто ќе се спроведе постапка на утврдување на законска одговорност), додека постапките за вработување на погоренаведените детално се испитуват дали се во согласност со законските постапи и обавувањето на дејноста во горенаведните факултети дали е во согласност со елаборатот на програмската акредитациа дали во ситат има наведен број на професорои согласно ЗВО како и надлежноста на вршење на работи на асистенти воедно се констаира записнички дали за истите места во факултетот за царина, шпедиција и осигурување има објавено јавен оглас за професори во кои јавни стрества и медии, времетраењето на истите и дали во истите се имаат пријавено Доктори од областа царина, шпедиција, дали дополнитено се пријавени и со доставена комплетна докуметација и покрај тоа што е утврдено дека се исполнети сите законски услови за заснивање работен однос по ЗВО се одбиени без законита причина.
За напред наведеното ќе бидат запознати: Инспекцискиот совет, ДКСК, ОЈО и Амбасадите во Македонија.
Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес