Од независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата велат дека притворот не треба да се користи како казнена мерка, бидејќи како што велат процесот на помирување кој е започнат не е едноставен и лесен чекор, но потребен за општеството и намалување на тензијата и поделеноста меѓу луѓето.
Институциите треба да бидат одговорни кон овој сензитивен процес. За жал изречените притвори не допринесуваат кон истиот. Поведението на секој кој е дел од некој процес е индивидуално и така и треба да се мери. Гневот поради еден случај не смее да се исфрла врз други.
СДСМ во опозиција гласно го бранеа ставот дека притворот не треба да биде казнена мерка. Изјавите на некои функционери се непринципиелни и не се во насока на подадената рака за започнување на овој процес за смирување за кој се заложи и Премиерот и пратениците. Телото кое го формиравме треба да донесе еден нов период, посмирен, конструктивен и насочен кон реформи за подобро утре во Македонија“, се вели во соопштението од независната пратеничка група.