
Салафистите во Босна и Херцеговина отворено го пропагираат радикланиот ислам, а во исто време голем број доселеници од арапските држави градат цели населби во земјата, што сериозно може да го загрози секуларниот карактер на БиХ, наведува бањалучкиот весник „Независен новине“.
Весникот овие наводи ги пренесува од германскиот весник „Франкфуртер Риндшау“, при што нагласува дека во последниве 20-тина дена поголем број медиуми во Германија и Австрија пишуваат за „опасноста од радикалниот исламизам и вехабизмот по умерените муслимани во БиХ“, што според нив, би можело да претставува и потенцијална опасност за цела Европа.
„Независне новине“ пренесува и дел од текстот на германскиот јавен радио сервис „Дојчландфунк“, кој предупредува на постојаното населување на доселеници од арапските земји во делови на БиХ каде мнозинство се муслиманите, кои со скепса гледаат кон новите соседи.
Муслиманите во БиХ се умерени и не ги делат погледите на Исламот, кои се карактеристични за учењата во арапските земји, наведува „Дојчландфунк“.
Според радиото, најголемиот дел од овие доселеници се од Кувајт, Катар и Саудиска Арабија, кои се приврзаници на радикалното учење на Исламот.
Виенскиот весник „Стандард“ пренесува изјава на политикологот Влада Азиновиќ, кој вели дека доселениците од арапските земји не ги почитуваат локалните верски традиции, туку ги наметнуваат своите.
„Стандард“ наведува дека и поглаварот на Исламската верска заедница во БиХ, реис-ул-улема Хусеин Кавазовиќ, отворено предупредил на опасноста што радикланата исламска идеологија ја претставува за Босна и Херцеговина и за Европа.
– Кога пропадна социјализмот, дојде до идеолошки вакуум, кои пополека го пополнија етничко-националистичките и верските елити. Либералните и секуларните граѓани на БиХ на ваквите тенденции гледаат како на закана и предупредуваат дека ваквите верско-политички движења можат да доведет до понатамошна поделба на општеството, заклучува виенскиот весник.