Независниот кандидат Кенеди ја прекина кампањата и го поддржа Трамп

Независниот кандидат Роберт Кенеди Џуниор изјави во петокот дека одлучил да ја прекине својата претседателска кампања и дека ќе го поддржи Доналд Трамп.

Седумдесетгодишниот Кенеди, целиот живот демократ и потомок на моќната династија Кенеди, рече дека принципите што го навеле да ја напушти Демократската партија сега го принудија „да го поддржи претседателот Трамп“.

Нагласи дека нема да се повлече, туку дека неговото име ќе остане на гласачките ливчиња во сојузните држави каде тоа нема да влијае на изборите.

Трамп му се заблагодари, велејќи: „Само што добивме убава поддршка од РФК Џуниор и ќе зборувам за тоа. Тој е прекрасно момче, сите го почитуваат“.

Членовите на семејството Кенеди, кои се спротивставија на неговата кампања, рекоа дека одлуката да се поддржи Трамп е „предавство на вредностите што нивниот татко и семејството ги држат најмногу“. „Тоа е тажен крај на една тажна приказна“, пренесуваат американските медиуми зборови кои се припишуваат на неименуван член на кланот Кенеди.

Кенеди рече дека инсистирањето на Трамп дека ќе стави крај на војната во Украина со преговори со Русите е доволно за да ја оправда неговата поддршка за неговата кампања.

„Има уште многу прашања и пристапи за кои остануваме сериозно различни. Но, се согласуваме за други клучни прашања“, рече Кенеди.

Речеи и дека ќе го отстрани своето име од гласачкото ливче во десет држави каде што тоа би можело да им наштети на перспективите на Трамп.

Кенеди рече дека ја започнал кампањата „како демократ, член на партијата на неговиот татко, вујко… уставобранители“, но исто така додаде дека ја напуштил партијата во октомври за да биде независен кандидат бидејќи Демократската партија „стана партија на војната, цензурата, корупцијата, на големите фармацевтски и технолошки компании и големите пари“.

Ги обвини мејннс трим медиумите, последната деценија изразено наклонети на демократите, и неговата поранешна партија за неговата одлука, додавајќи: „Во моето срце повеќе не верувам во реален пат до победа наспроти системската цензура“.

Во анкетите, пред Џо Бајден да се повлече, Кенеди имаше поддршка од околу 14 до 16 отсто од гласачите. Откако Камала Харис стана кандидат, неговата поддршка падна на едноцифрена, според проценките на Reuters.

Демократите тврдат дека не се засегнати од неговата одлука.

„Доналд Трамп не доби поддршка за да му помогне да привлече гласачи, тој го наследи багажот на неуспешен кандидат. Добро е што се ослободивме од него“, рече вишата советничка на Демократскиот национален комитет, Мери Бет Кејхил.