![незири Незири: Очекуваме фер и демократски избори на 24 април](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/01/neziri.jpg?resize=540%2C300&ssl=1)
Министерот за економија и шеф на Изборниот штаб на ДУИ за претстојните парламентарни избори Беким Незири очекува до 24 април да се имплементираат сите сегменти од Договорот од Пржино и да има фер и демократски избори на закажаниот датум.
– Република Македонија веќе пет месеци е во криза откако почна објавувањето на таканаречените „бомби“ и токму поради тоа ставот на ДУИ е што побрзо да имаме избори, но да бидат фер и демократски, изјави Незири во одговор на прашање по промоцијата на твининг проект „Јакнење на спроведувањето на правата од интелектуална сопственост“.
Посочи дека за тоа е неопходно да се имплементираат двата сегмента од Договорот од Пржино, односно да биде пречистен Избирачкиот список и да има нов закон за медиуми.
– Се надевам и оптимист сум дека до 24 април тие два сегмента од Договорот од Пржино ќе бидат имплементирани и ќе има избори, потенцира Незири.