НГИ,,КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ,, на сите Египќани каде и да се наоѓаат му го честитаат 24 Јуни, Меѓународниот ден на Балканските Египќани.
„Лидерот на НГИ,,КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПКАНИ,, Дипл.правник Демир Далип, по повод на овој ден истакна дека длабоко е убеден дека новата влада на МАКЕДОНИЈА, предводена од Премиерот Проф.Д-р Христијан Мицкоски, како и новото парламентарно мнозинство, во духот на еднаквоста и рамноправноста, како и во духот на демократските и европски вредности, ќе елиминират една долгогодишна неправда и дискриминација и ќе го официјализираат 24 Јуни, денот на Балканските Египкани, а се со цел како и припадниците на другите етнички заедници, така и Египќаните , достоинствено да го прослават овој ден.
Денес, имаме ден посветен на припадниците на Ромската, Турската, Влашката, Албанската и другите етнички заедници, а немаме за Египќаните како лојална, автентична и автохтона етничка заедница. Убедени сме, дека тоа набрзо ќе се промени, во инбтерес на унитарна, мултиетничка и заедничка татковина Македонија“, истакна Демир Далип, кој додаде дека реални и оправдани се очекувањата на Египќаните за нивна институционална интеграција.