![fiba ФИБА ја суспендира Македонија и уште 13 други земји](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/04/fiba.jpg?resize=650%2C350&ssl=1)
Мундобаскетот во Кина почнува за два дена, а денеска ФИБА доби нов претседател пред стартот на натпреварувањето.
На Конгресот на ФИБА делегатите едногласно му дадоа доверба на Хамане Нијанг, досегашниот потпретседател на организацијата, кој го наследи Хорасио Мураторе и доби мандат до 2023 година.
Нијанг беше претседател на ФИБА Африка, како и прв човек на кошаркарската федерација на Мали и бивш министер за спорт на државата
„Се заблагодарувам за довербата која ми ја дадовте. Ветувам дека ќе бидам посветен на ФИБА и ќе служам за интересите на нашиот спорт. Мораме да продолжиме да работиме на развој на кошарката во секој дел од светот“, порача Нијанг.