Ни два гола на Пандев не ѝ помогнаа на Џенова, Милан поразен дома

Македонскиот репрезентативен капитен Горан Пандев беше двоен стрелец во домашното реми на неговата Џенова во дуелот со Беневенто во рамките на 32-то коло од италијанското фудбалско првенство, додека Милан беше изненаден дома од Сасуоло.

Во Верона, Беневенто поведе од пенал веќе во 5 минута преку Николас Виоло а во 11 израмни Пандев. Гостите по само четири минути повторно дојдоа во водство преку Џанлука Лападила, но во 21 минута Џенова повторни доаѓа до израмнување преку Пандев. До крајот и покрај доминацијата на домашниот тим резилатот не се менуваше.

Џенова сега е 14-та со 33 бодови, пет повеќе од зоната на испаѓање, а Беневенто со 31 бод е 17-ти и го држи последното место кое обезбедува опстанок во Серија А.

 

Претходно Милан на својот терен поведе во 30 минуа со убавиот погодок на Хајан Чалханогли, но во финишот на средбата младиот Џакомо Распадори со погодоците во 76 и 83 минута да го донесе пресвртот и победата на Сасуоло.

Милан остана на втората позиција со 66 бодови, сега само бод повеќе од третопласираниот Јувентис, а два повеќе од четвртопласираната Аталанта која во четврток го игра дерби мечот на гости кај Рома. Сасуоло скокна на осмото место со 49 бодови, но е далеку од позициите кои водат во европските натпреварувања.

 

Водечкиот Интер ремизираше со 1:1 на гости кај Специја. Домашните поведоа со погодокот на Диего Фараис во 12 минута кога со удар од работ на шеснаесетникот го изненади Самир Хандановиќ, а за гостите во 39 минута израмни Иван Перишиќ во кога усепа да ја протне топката во мрежата меѓу голманот и бекот на Специја.

И покрај ремито Интер поради поразот на Милан ја зголеми предноста на врвот на табелата на десет бодови има вкупно 76, додека Специја е 15-та со 33 бодови, пет од зоната на испаѓање.

 

Сѐ уште актуелниот шампион Јувентус успеа со пресврт со 3:1 дома ја надигра Парма. Гостите постигнаа Гастон Бругман во 25 минута, а потоа Алекс Сандро со головите во 43 и 47, и на Матијас де Лихт во 68 минута го донесоа пресвртот за „Старата дама“.

Јувентус сега дојде до третото место со 65 бодови во борбата да избори пласман во Лигата на шампионите, а Парма остана претпоследна 19-та со 20 бодови, единаесет помалку од местата кои носат опстанок во Серија А.

 

Во преостанатите три денешни натпревари Болоња ремизираше со Торино со 1:1, Сампдорија со 1:0 беше подобра на гости од Кротоне, а со истиот резултат гостинска победа оствари и Калјари кај Удинеза.

Колото во четврток го затвораат двете дерби средби: Рома – Аталанта и Наполи – Лацио.