Спорот стои, несогласувањата ги има, Бачкиот епископ Иринеј посочи, пуштете го Вранишковски од затвор или нема средби, разговари и преговори.
г. Петар митрополит Преспанско-Пелагониски и администратор Австралиско-Новозеландски вели дека таа порака им е јасна и дека српската страна ниту сака било какви разговори ниту преговори за спорто кои тие го наметнале.
Митрополитот вели дека закани од нивна страна има, има и уцени дури и одлуки за непризнавање на верниците на МПЦ, свештенството, епископите иако, вели владиката, Македонската православна црква е законита.
Тоа се потврдува дури и со томусот од СПЦ во 1959 каде ни е дадена самостојност од нивна страна, вели Владиката.
г. Петар вели дека таа добра воља би се однесувала како во другите цркви кои немаат призната автокефалност, но служат и сослужуваат, како Руската, Американската и други цркви.
Не бараме во моментов ние по секој цена признавање на автокефалноста, вели г. Петар.
Ваков е ставот на митрополитот Преспанско Плеагониски, во однос на признавањето на МПЦ од страна на СПЦ.