Ни трага ни глас од 700-те работници кои го градат автопатот Кичево – Охрид

Ни трага ни глас од 700-те работници кои го градат автопатот Кичево – Охрид.

Видеата кои ги доби редакцијата на Курир се од излезот Ботун до влез во Издеглавје, во кои јасно се гледа дека нема ниту еден работник.

Денес е работен ден, а на овој автопат кој е од големо значење за државата не се работи.

Ќе заврши ли некогаш изградбата на автопатот Кичево – Охрид?

Ова прашање се постави откако министерот за транспорт најави анекс на договорот за продолжување на изградбата следниот месец и тоа уште подолг. Кога ќе се вози по автопатот кој е во изградба веќе седум години ќе дознаеме во јуни?

Проектот и беше доверен на компанијата „Сајнохидро корпорејшн лимитед“ од Кина.

Mинистерот Бочварски кажа дека и Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта преговараат со изведувачите и со кредиторите за продолжување на рокот за изградба, кој според сегашниот анекс истекува следниот месец а до денес завршени се само 62 отсто од работите на таа делница.
Ќе дозволи ли Собранието нов анекс на договорот: Се бара подолг рок со кинескиот изведувач „Синохидро“