Ни треба европски закон, а тој европски закон секако треба да се направи со фелата и со експертите и постојано ние велиме дека треба да се слушне нивното мислење. Имавме добра шанса и јас ги поздравувам сите што ги слушнавме за овој закон и што дадоа критика за овој закон, затоа велиме ајде сите да го направиме овој закон и ние сме ЗА да го поддржиме овој закон доколку се прифатат најголемиот број на забелешки од фелата и експертите, ова денеска како гостин во вестите на МТВ го истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.
Нас ни треба закон за целата држава, за целото општество не за политичките партии, многу пати во минатото видовме дека се она што се правеше од раководството на власта е на кој начин да се гони ВМРО-ДПМНЕ и како да се монтираат некои случаи. Тоа не смее да се повторни, не смее повторно да се оживее СЈО и не смее истите луѓе да ги земаат истите бонуси, добро е што фелата си го кажа своето мислење и ајде овие забелешки да ги преточиме во закон и со ова ВМРО-ДПМНЕ ваков закон ќе поддржи.
Додад дека ако со ултиматум и насила сакаат повторно да донесат закон како што беше во минатото тоа е одликата на СДСМ.
Јас би повикал на разум, не е целта да се донесе брзо плет закон каде што повторно ќе има политиканство. Они можат да направат на сила се, но експертите го кажаа своето мислење, а меѓународната заедница секако треба да ги слушне сите овие експерти и секако дека ќе ги поддржи бидејќи нас ни треба закон не само за политичарите и за граѓаните кои што ги имаат сите оние предмети кои ги водат во судовите. Навистина има лавиринт во судството каде што секој еден е незадоволен од судството и затоа треба внимателно да се донесе овој закон, рече Мисајловски.