Ница ќе го раскине договорот со играч кој украл часовник од клупски колега

Раководството на францускиот прволигаш Ница планира да го раскине договорот со напаѓачот Мохамед Диаби, објави „Л’Екип“.

Претходно, 18-годишен фудбалер призна дека крадел часовници во вредност од 70 илјади евра од неговиот клупски другар Каспер Долберг.

Диаби се извини и вети дека ќе ја поправи штетата.

Тој од 13-годишна возраст беше дел од клубоѕ. Оваа сезона нема настап, а во текот на кариерата бележи седум натпревари за првиот тим на Ница.

Претходно беше објавено дека договорот може да биде раскинат со играч доколку бидат потврдени сомневањата за кражба.