Водечката француска фудбалска екипа Пари Сен Жермен елиминирана е во неделата вечерта во осминафиналето на националниот куп, и тоа на својот „Парк на принцовите“ од Ница по изведувањето на пеналите со 5:6.
Во регуларниот дел од натпреварот немаше погодоци, а во пенал-рулетот за париските „Светци“ кобни неа промашувањата на Паредес и Симонс. Лионел Меси го одигра целиот меч за ПСЖ, додека Килиан Мбапе влезе во игра во 64 минут, но ниту тоа не го скрши отпорот на тимот од Азурниот брег.
Ова е инаку најраната елиминација на ПСЖ од Купот на Франција последните десет години. ПСЖ триумфираше во ова натпреварување шест пати во последните седум години, а во 2019 година беа поразени во финалето од Рен.
И додека шампионот ПСЖ испадна, место меѓу најдобрите четири во купот е обезбедено за еден од двата четвртолигаши Бержерак и Версај, кои следната седмица ќе се сретнат во четвртфиналето. Ница ќе игра со Маресеј, а другите двојки ги сочинуваат Монако – Амјен и Нант – Бастија.