Во првиот натпревар од десеттото коло од француското фудбалско првенство во петокот вечерта, Ница на гостувањето со 1:0 го победи Клермон.
Победата на госtите ја донесе Хишам Будауи во 74 минута од натпреварот. Претходно Ница имаше одлична можноста да поведе кога во 37 минута Гаетан Лаборд не реализираше пенал, шутираше преку голот.
Ница со оваа победа барем привремено заседна на врвот на тебелата со 22 бода, два повеќе од Монако кој има и средба помалку. Третопласираниот бранител на титулата ПСЖ има 18 бодови.
Клермон моментално е претпоследен, 19-ти со само пет бодови.