Нашето име е наше право. Македонскиот идентитет е нашето најголемо богатство, македонското име – нашата светост! Без нив немаме историја, а уште помалку иднина, се вели во прогласот наорганизаторите на протестот што ќе се одржи наплоштадот „Македонија” во Скопје.
Сега како никогаш порано, потребно е да се обединиме и оддадеме почит на секоја жртва положена за татковината, бидејќи тоа им го должиме на поколенијата, велат организаторите.
Непартиското глобално движење „НиеСмеМакедонија” соопшти дека протестот ќе се одржи во 13 часот во центарот на Скопје.
Истовремено протести ќе се одржат и во Франкфурт – Германија, Малме – Шведска, Вашингтон – САД, Мелбурн, Сиднеј, Перт и Бризбејн – Австралија, Окланд – Нов Зеланд, Хаг – Холандија, Лондон – Велика Британија, Крањ – Словенија, Валета – Малта, Канали – Италија и Прага – Чешка кои ќе бидат вклучени во живо со видео пренос во Скопје.
Движењето „Ние Сме Македонија“ започна со активности на 14 јануари со симболичен собир пред македонската амбасада во Вашингтон каде за прв пат се прочита декларацијата и беше врачена на македонскиот амбасадор во САД, Васко Наумовски.
Во декларацијата се батра итен прекин на разговорите околу името на државата што Владата на Република Македонија ги води во тајност под покровитество на ОН, неменување на уставното име – Република Македонија и поднесување резолуцијата во Генералното Собрание на ОН за признавање на истото.
Организатирите на овие протести бараат претседателот на државата да стави вето на противуставниот закон за јазици, и повлекување на истиот од понатамошнен процес во Собранието на Република Македонија.
Се бара и организира попис под мониторинг на реномирана меѓународна организација на територијата на Република Македонија во период не подолг од 6 месеци од приемот на оваа декларација.
„Доколку Владата на Република Македонија не е способна да го стори горенаведеното, тогаш повикуваме на итно самораспуштање на Собранието на Република Македонија и организирање на непосредни избори каде што и на македонските граѓани од дијаспората ќе им бидат овозможени свои претставници во новиот парламентарен состав, според принципот на пропорционалност“, бараат од движењето „Ние Сме Македонија“.