
Глобалното непартиско движење, Ние Сме Македонија, повика на итна оставка на премиерот на Република Македонија, Зоран Заев и на неговата влада и коалиционите партнери.
Тие потсетија на изјавата која премиерот ја даде на крајот на август оваа година.
-Како премиер имам мандат до декември 2020-та година. Ако падне референдумот и не успее, веројатно завршуваме ние со политиките овде, рече Заев на 31 август 2018 година
Тие го повикаа премиерот да остане доследен на своето ветување пред македонскиот народ и да ја напушти Владата.
-Граѓаните на Република Македонија денес ја вратија државата во свои раце, порачуваат од таму.
Тие на крајот порачуваат: „Да живее Република Македонија