Ние сме на страна на студентите и ги поддржуваме нивните барања, велат од СДСМ

СДСМ е на страната на студентите и секогаш ги поддржува нивните барања за унапредување на студентскиот стандард, се вели во партиското соопштение на владејачката СДСМ.

СДСМ покажа дека се грижи за потребите на студентите, разговара со нив и како резултат на тој дијалог во изминатите неколку години значително се унапредени правата на студентите, но и се воведени нови. Изминативе години за скоро двојно е зголемен износот на стипендиите, воведени се нови категории на стипендии, како и нови стипендии за средно стручно образование. Студентите не беа изоставени ниту од пакетите за антикризни мерки, со цел да се излезе во насока на унапредување на студентскиот стандард. Тука е и субвенционираниот студентски оброк, кој е воведен од СДСМ. Ова право не постоеше порано. Како и претходно така и сега, СДСМ поддржува се што е во насока на подобрување на студентскиот стандард и подобра грижа за студентите. Ги повикуваме сите пратеници во македонското Собрание да застанат зад иницијативата од Универзитетското студентско собрание! Да обезбедиме измени во Законот за субвенциониран студентски оброк, истакнуваат од владејачката партија.

Заедно, можеме да направиме значајни промени за студентите и пристапот до здрав оброк, порачуваат од СДСМ.