Ниту Џорџ Х В Буп, ниту неговиот син Џорџ Буш ланскиот ноември не гласале за републиканскиот колега актуелниот американски претседател Доналд Трамп, изјави авторот на книгата за 41-от и 43-от претседател на САД во која откриваат дека не го сакаат сегашниот станар на Белата куќа.
Буш постариот гласал за Хилари Клинтон, а неговиот син не гласал ниту за кандидатот на Републиканската партија Доналд Трмп, ниту, пак, за кандидатката на Демократската партија, Хилари Клинтон, вели Марк К. Апдегроув кој ја напиша книгата „Последните републиканци“, со помош на двјата поранешни претседатели, таткото и синот Буш, чиј син и брат беше поразен во републиканските предизбори за претседателската номинација. Книгата во издание на издаваштвото „ HarperCollins“ ќе се појави на 14-ти ноември.
Во разговорот за весникот The New York Times, авторот вели дека 93-годишниот Буш постариот, кој беше американски претседател во периодот од 1989 до 1993 година, не го сака Трамп, иако лично не го познава. Во разговорот во текот на претседателската кампања минатата 2016 година, Џорџ Х. В. Буш му кажал на Апдегроув дека Трамп е „фалбаџија“ кого го води егото а не општото добро.
Седумдесет и едногодишниот Буш помладиот, кој во Белата куќа престојуваше од 2001 до 2009 година, сметал дека на Трамп му недостигаат понизност и потребното разбирање на претседателската должност.