Ниедна амбасада на Венецуела не го призна Гуаидо, тврди амбасадорот во Италија

Ниедна од амбасадите на Венецуела во светот не го призна самопрогласениот шеф на државата Хуан Гуаида, кризата не влијае врз работата на дипломатската мисија во Италија, изјавил во понеделникот венецуелскиот абмасадор во Рим, Исијас Родригез.

„Неодамнешните настани не влијаеле ниту во однос на конзуларните активности, ниту од доплматската гледна точка. Позицијата на италијанската влада беше многу претпазлива“, вели Родригез во итнтервјуто за агенцијата РИА.

Претходно италијанскиот премиер Џузепе Конте повика на национално помирување и демократски процес во Венецуела и изрази загриженоста во врска со можноста од натамошна ексалација на насилството.

„Важни беа позиците на Русија, Кина, Индија, Карипската заедница, Мекско и Уругвај. Ставот на Русија во Советот за безбедност на ОН беше еден од најсилните. Конфликотот во Венецуела не е само локален или внатрешен. Поставените на мапата глобални стратегии мораме да ги разгледуваме од оваа гледна точка. Нафтатата, тоа не е јаглен, а Каримите не се малиот Медитеран“, вели Родригез.

Според него, амбасадата во Италија не го признала 35-годишниот спокер на парламентот за шеф на државата, а тоа не го сторича нити една друга венецуелска мисија во светот.

„Единствената инструкција што ја добивме од министерството за надворешни работи на Венецуела е да се поддржува спокојството и мирот во земјата. Дипломатски и официјално да се решаваат проблемите со кои се соочува нашата амбасада“, вели Родригез.