Воената хунта во Нигер го затвори воздушниот простор во неделата по локално време на неодредено време , наведувајќи дека се подготвува за воена интервенција од надвор, откако измина ултиматумот кој го зададе западноефриканскиот регионалн блок на должноста да биде вратен соборениот претседател на земјата.
Телевизискиот канал Al-Arabiya ноќта кон понеделникот, повикувајќи се на извори од нигерската војска, дека земјата се подготвува за странска „инвазија“ на нејзината територија. За која држава станува збор не е наведено, но се потсетува дека претходно воениот врв објави за затворање на воздушниот простор поради отфрлањето на ултиматумуто што го даде Економската заедница на западноафриканските нации (ECOWAS), чијашто членка е и Нигер.
„Соочени со заканата од интервенција којашто станува сѐ поочигледна… воздушниот простор на Нигер е затворен од денеска“, рече претставник на хунтата во изјава за националната телевизија во неделата вечерта.
Додаде дека имало претходно распоредување силите во две централноафрикански земји како подготовка за интервенција, но не наведе поединости..
„Вооружените сили на Нигер и сите наши одбранбени и безбедносни сили, поддржани од безрезервната поддршка на нашиот народ, се подготвени да го бранат интегритетот на нашата територија“, рече тој.
Од ECOWAS не одговориле на барањето за коментар на агенцијата Reuters за тоа кои ќе бидат нивните следни чекори или кога точно во неделата истекол улитматумот. Портпаролот на организацијата претходно изјави дека ќе издаде соопштение на крајот на денот.
Претходно, ECOWAS даде една седмица ултиматум кој истече во неделата на полноќ по локално време за враќање на претседателот Мохамед Базум на власт во Нигер, заканувајќи се дека во спротивно ќе употреби сила за да го врати уставниот поредок. Истовремено, западните медиуми објавија дека веќе е развиен план за можна воена интервенција во ситуацијата во Нигер.
Во неделата повторно илјадници поддржувачи на хунтата се собраа на стадионот во главниот град Ниамеј френетично поздравувајќи ја одлуката на воните власти да не се попушта пред надворешниот притисок и прекинување на превратот кој беше изведен на 26-ти јули. Собирот повторно беше проследен со извикување антиколонијалистички и антизападни пароли.
Следени од борбени мелодии и со продорните звуци на вувузело, стотици поддржувачи на хунтата викендов поставија „жив ѕид“ во близина на воздухопловната база во Ниамеј, како дел од граѓанското движење за да пружат ненасилен отпор за поддршка на хунтата доколку е потребно.
Додека организаторите ја водеа кампањата по мотото „Да живее Нигер“, мноштвото извикуваше пароли против ECOWAS, како и против поранешната колонијална сила Франција, која во саботата порача дека ќе ги поддржи регионалните напори за поништување на пучот, без да прецизира дали тоа вклучува и воена помош.
„Нигерискиот народ сфати дека овие империјалисти сакаат да доведат до нашата пропаст. И ако даде Господ, тие ќе страдаат поради тоа“, рекол за Reuters пензионерот Амаду Адаму, поддржувач на нигерската хунта.
Нигер минатата недела ги отповика договорите за воена соработка со Франција, која има до 1.500 војници во земјата, но се обвинети дека само ги штитат интересите на западниот свет и не придонесуваат во борбата со исламистичката закана која трае речиси деценија.
Неделните телевизиски преноси на нигерската државна телевизија вклучуваа дискусии на тркалезна маса за охрабрување на солидарноста наспроти санкциите на ECOWAS, кои доведоа до прекини на струја и зголемени цени на храната.
Воената закана од блокот поттикна страв од натамошен конфликт во регион кој веќе се бори со смртоносниот исламистички бунт, во кој се убиени илјадници и принуди на бегство милиони луѓе. Секоја воена интервенција би можела да биде усложнета со ветување од хунтите во соседните Мали и Буркина Фасо дека ќе го одбранат Нигер доколку е потребно и оти нападот врз соседот ќе го сметаат за напад и врз нив. Инаку трите земји се суспендирани членки на ECOWAS.
Премиерот на Базум, Оухомуду Махамаду, во саботата во Париз рече дека соборениот режим сè уште верува дека е можен договор во последен момент.
Во неделата, Италија соопшти дека го намалила бројот на своите војници во Нигер за да направи простор во својата воена база за италијанските цивили на кои можеби ќе им треба заштита доколку безбедноста се влоши.
Превратот во Нигер, седмиот во западна и централна Африка во последните три години, покрај оние во соседните Буркина Фасо, Мали и Гвинеја со идентично образложение – незадоволство од тоа како владите се справуваат со повеќегодишниот џихадистички бунт и сиромаштијата, како и раширената корупција, го потрее регионот на Сахел.
Овој западноафрикански дел од супсахарска Африка е меѓу најсиромашните на светот и покрај неговите големи резерви на ураниум и нафта и присуството на странски воени сили, во прв ред на Франција и САД. Покрај клучната улога во борбата со исламистичките милитанти, Нигер има важна улога и во запирањето на нелегалната миграција кон Европа, па има геостратешка важност за САД, Европската унија, Кина и Русија.