Нигерија ја укинува забранaта за Twitter по повеќе од половина година

Социјалната мрежа за микроблогови Twitter повторно ќе биде достапна во Нигерија, откако тамошната власт во средата објави дека ќе ја укине блокадата за оваа платформа.

По разговорите на владините тела со американската компанија, договорено е Twitter да отвори канцеларија во Нигерија, изјави за агенцијата DPA владин функционер без да открива поединости, освен дека забраната е укината од полноќ по локално време.

Нигерискиот претседател Мухамаду Бухари издаде упатства на 5-ти јуни 2021 година да се забрани пристапот до Twitter во земјата со oколу 200 милиони луѓе.

Таквата одлука следеше откако претходно Twitter ја избриша контроверзната порака на претседателот Бухари за нигериската граѓанска војна и ги суспендираше профилот на шефот на државата на 12 часа.

Владата тогаш не наведе конкретна причина за суспензијата на мрежата. Меѓутоа, се наведуваше дека платформата повеќепати е користена за активности коишто би можеле да го поткопаат постоењето на Нигерија.