Нигерската хунта ја обвини Франција за планирање напад за ослободување на соборениот претседател

Воената хунта којашто минатата седмица ја презема власта во Нигер го обвини поранешниот колонизатор на оваа западноафриканска земја Франција дека планира напади во обидот да го ослободи притворениот соборен претседател Мохамед Базум. и да ја врати неговата соборена влада на власт.

Француското Министерство за надворешни работ засега ниту го потврдува, ниту го негира обвинението, но наместо тоа одговора дека Париз го признава само Базум како легитимен авторитет во Нигер и дека е фокусиран на заштита на сопствените „граѓани и интереси“ во земјата во која има и нејзини воен контингент.

САД, Франција, Европската унија, Обединетите нации и Африканската унија и организацијата на западноафрикански земји го осудија потегот на војската да ја преземе власта соборувајќи ја избраната влада во Нигер. Војската ја обвини владата на притворениот претседател Базум дека ја поткопува земјата и економски со корупција и безбедносно ја загрозува со слабото справување со вооружениот бунт на џихадистичките групации во регионот на Сахел.

Станува збор за седмото воено преземање на власта за помалку од три години во Западна и во Централна Африка, каде што земјите сѐ повеќе се оддалелечуваат од влијанието на ткн Колективен Запад, односно нивните поранешни колонизатори, и се свртуваат кон Русија како стратешки економски и безбедносен партнер, забележува Reuters.

Обвинувањето дека Франција планира напади во Нигер во обид да го ослободи заточениот претседател Махумед Базум, го изнесе полковникот Амаду Абдрамане на државната телевизија. Според него, барањето и одобрувањето за француска воена интервенција ја потпишал Хасуми Масуду, кој во соборената влада беше министер за надворешни работи а сега ја врши должноста премиер. Франција досега не се изјасни дали има намера воено да интервенира во Нигер.

Абдрамане не прецизираше со доказ за какво вид напади станува збор, додека Масуду не било можно да биде контактиран, пренесува Reuters.

Хунтата претходно предупреди дека надворешни обиди за интервенција и извлекување на Базум ќе резултира со крвопролевање, коешто досега го немаше во Нигер, и воведување на земјата во хаос.

Предупредувањето за францускиот наводен напад дојде ден откако западноафриканскиот регионален блок Ecowas воведе санкции против видните членови на нигерскиот воен врв па се закани дури и со „одобрување употреба на сила“ за враќање на власт на претседателот Базум.

Претседатело на соседниот Чад, Махамат Идриз Деби престојуваше викендот во Нигер во обид да посредува, а во понеделникот ги објави првите снимки на Базум откако во средата тој и неговото семејство беа притворени од припадниците на Претседателската гарада, на кои нугерскиот претседател е насеман и очигледно неповреден.

Деби изјави дека се сретнал Базум, кому викендот му беше овозможено телефонски да разговара со многу светски челници меѓу кои и францускиот претседател Емануел Макрон. Покрај тоа, претседателот на Чад се сретнал и со водачот на пучистите, генералот Абрудахман Тјани кој во меѓувреме е именуван за привремен премиер, за да се изнајдат начините „да се најде мирно решени“, но не изнесе повеќе поединости.

 

Запалени француски знамиња

Државниот удар предузвика и загруженост за безбедноста во регионот. Главно француски и други странски војници се распоредени во Нигер како помош во борбата против исламистичките милитанти кои последените години имаат големо напредување во земјите на Сахел.

Меѓутоа, токму слабото справување на француските и нигерските единици со џихадистичкиот бунт е наведено како главната причина за превратот на хунтата. Во неделата приврзаниците на хунатата ги палеа знамињата на Франција и ја нападнаа француската амбасада во главниот град Ниамеј, при што нигерската жандармерија, којашто исто како и воената команда го поддржа пучот, употреби солзавец.

Водачите на пучистите, кои го именуваа генералот Тиани, поранешниот шеф на претседателската гарда, за шеф на државата, рекоа дека го собориле Базум поради лошото владеење и незадоволството од начинот на кој тој се справил со исламистичката закана.

Евгениј Пригожин, шефот на руската платеничка група „Вагнер“ минатата седмица го поздрави пучот во Нигер и рече дека неговите сили се на располагање за да го вратат редот во земјата.

Кремљ во понеделникот соопшти дека ситуацијата во Нигер е „причина за сериозна загриженост“ и повика на брзо враќање на уставниот поредок.

Германското Министерство за надворешни работи во понеделникот соопшти дека ситуацијата „сѐ уште е во флуктуирачка“ и дека „постои можност државниот удар да пропадне“.