![Niger puc](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/08/Niger-puc.jpg?resize=640%2C426&ssl=1)
Новата воена власт во Нигер, која минатата седмица ја презема власта со тивок пуч кој го изведе Претседателската гарда, притворила најмалку 180 членови и соработници на досегашната влад објави Нигерската партија за демократија и социјализам (PNDS).
Меѓу притворените се министерот за енергетикја Махаман Сани Махамаду, министерот за рударство Усеини Хадизату, министерот за внатрешни работи Хама Адаму Сулеи, министерот за сообраќај Умару Малам Алма и неговиот заменик Кала Мутари, како и претседателот на до неодамна владејачката партија Фумакаије Гадо, изјави за западните новински агенции портпаролот на PNDS, Хамид Н’Гаде, додавајќи дека апсењата се доказ за „репресивното, диктаторско и незаконско однесување“.
Европската унија, преку својот висок претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел во понеделникот ги осуди апсењата во Нигер и побара ослободување на членовите на досегашната влада.
„ЕУ ги осудива апсењата на министритеи и високите функционери на владата на претседателот Махаем Базум од страна на пучистите. Повикуваме на нивно ослободување“, објави Борел на социјалната мрежа за микроблогирање Х.
Мината среда офицерите на елитната Претседателска гарда под команда на генералот Абдурахман „Омар“ Тјани објави дека претседателот Базум повеќе не ја извршува власта, а во петокот војската и жандармеријата коишто ги поддржаа почистите го именуваа Тчјани за привремен челник на оваа запдноафриканска земја.
Пучистите, коишто на владата на Базум ѝ забележуваа за поткопување на животниот стандард и безбедноста на граѓаните и покрај повикот на странските сили за справувањето со џихадистичкиот бунт во регионот Сахел, привремено го суспендираа уставот на Нигер и ги суспeндираше работењата на државните институции.
Воениот удар го осудија многу земји, во прв ред САД и Франција која како колонија го поседуваше Нигер до 1960-те години и во моментов има свои војници и бројни свои граѓани во земјата, ЕУ и државите од Економската заедница на западноафриканските држави (ECOWAS).
Од ECOWAS побараа „моментално ослободување“ на претседателот Базум и „целосно враќање на уставниот пордок“, а во донесената резолуција прочитана на завршувањето на итниот самит се наведува и закана со употреба на сила против хунтата во Нигер.
„Доколку не бидат исполнети овие барања во рок од седум дена, ECOWAS ќе ги преземе неопходните мерки коишто може да вклучуваат употреба на сила“, се истакнува во резолуцијата.
Регионалната органзација истовремено одлучи да ги „прекине сите трговски и финансиски соработки“ на своите членки со Нигер и да ја замрзне сопственоста на „воените челници вмешани во обидот за преврат“.
Нигер, земја со 20 милиони жители во Сахел поранешна француска колонија во чијашто политика официјален Париз се обидува сѐ уште да има силно влијание, е една од најсиромашните земји во светот и покрај значителните резерви од ураниум. Според Светската банка, Нигер прима близу две милијарди долари годишно развојна помош.
Во понеделникот нигарските соседни земји Буркина Фасо и Мали, кои исто така се справуваат со џихадистичкиот бунт и исламистички тероризам, ги предупредија земјите во ECOWAS да не интервенира во Нигер.
До превратот Нигер важеше как безбедносен партнер на својот поранешен колонизатор Франција и на САД во западна Африка, кој оваа земја ја користат како база за операции на континентот под изговор за борба против исламистите. Меѓутоа, сѐ повеќе земји од регионот на Сахел критукуваат дека токму на тој план на борбата против џихадистите се поткопува нивната безбедност.