Војската која на 26-ти јули незадовволна од состојбата во Нигер и слабото справување со џихадистичкиот бунт го отстрани од власта претседателот Мохамед Базум доцне во неделата објави дека тој би можело да биде процесуиран за велепредавство.
Полковникот Амаду Андрамане, портпарол на хунтата која доби широка поддршка од населението и од соседните Буркина Фасо и Мали каде изминатите години исто така беа изведени преврати, изјави за државната телевизија дека новата власт ги „собира потребните елементи за кривичен прогон на соборениот претседател… за велепредавство и поткопување на внатрешната и надворешната безбедност на Нигер“.
Се очекува деак регионалниот западноафрикански блок ECOWAS во понеделник ќе поттикне дополнителни преговори со воениот врв во Нигер, што ја сигнализира потенцијалната подготвеност да се изнајде дипломатско решени за новонастанатата ситуација.
Парламентарното собрание на ECOWAS, иако се закани со воена интервенција, при што Нигер ја доби поддршката од Буркина Фасо и Мали, во саботата објави дека сепак сака да испрати делегација која ќе се сретне со воените челници во главниот град Ниамеј.
Во меѓувреме, Франција, којашто има 1.500 војници во база во Нигер одби да ги дислоцира своите сили од земјата како што бараше хунтата, и Париз не се огласи по обвинувањата дека француските војници извеле напад и ги провоцирале нигерските сили. Нигер, осмиот светски извозник на ураниум, е најголемата база за гориво за францискиот енеретски сектор кој се потпира на големата мрежа нуклеарна централи. Нигерската хунта притоа обвинува дека, наспроти тоа, земјата добива само пет отсто од приходот од извозот на ураниумот, додека најголемиот дел од над 22-милионското население живее без струја.
Има најави и дека Советот за мир и безбедност на 55-члената Африканска унија, исто така, ќе се состане во понеделникот за да дискутира за ситуацијата во Нигер, што ја отсликува загриженоста порад последиците од можниот воени судир меѓу земјите од регионот Сахел кои сакаат дефинитивно да ги раскинат врските со поранешните свои западни колонизатори и оние кои сѐ уште оддржуваат тесни врски со западните земји.
Таканатечениот Глобален Запад е загрижен не само за судбината и губењето на влијанието во Нигер, каде е изведен седмиот државен удар во западна и централна Африка во последните три години, туку за растечкото влијание на ривалските глобални сили, како Русија и Кина, со свои стратешки интереси во регионот.