Ник Киргиос се повлече од Ролан Гарос

Австралиецот, кој е 26-ти на ATP рангирањето, сѐ уште нема одиграно натпревар оваа сезона, откако се повлече од Австралија опен и беше опериран на коленото. Неговото враќање на тениските терени изгледаше сигурно кога се пријави за турнирот во Штутгарт, кој се игра неделата по Ролан Гарос.

Кирјиос беше подложен на артроскопска операција на коленото во јануари, веднаш по повлекувањето од Австралија Опен. Тој потоа ги таргетираше Индијан Велс и Мајами за неговиот камбек, но ги прескокна двата турнири.

Многумина веруваа дека ќе се врати на Ролан Гарос откако и вети дека ќе го игра турнирот за својата девојка минатата година, но тој официјално се отстрани од списокот за влез во вторник.

„Следната година одам во Париз. Тоа го најавувам сега, одам на Ролан Гарос“, рече Киргиос за време на настапот во Хјустон минатата година.

„Не сум играл таму четири години, па ќе се вратам следната година. Мојата девојка само сака да го види Париз“, додаде тој.