
Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно, а попладне и во текот на ноќта со повремени локални врнежи од дожд.
Температурата ќе се движи од 9 до 17 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со повремени локални врнежи од дожд.
Температурата ќе достигне до 17 степени.
Под влијание на влажен бран утре попладне, во текот на ноќта, како и во четврток ќе има врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат пообилни (над 20 л/м2).
Во петок и сабота времето ќе биде претежно стабилно, а од недела повторно ќе има локални врнежи од дожд.