Никаква полза од владините мерки, а за само три месеца потрошени се дури 120 милиони евра

Мерките кои ги носи Владата се мерки што ги нуди за да се каже дека работи нешто, иако тие  не се од никаква полза за стопанствениците, иако за само три месеца потрошила 120 милиони евра, рече во текот на гостувањето на програмата на Канал 5, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Опозициционерот ги критикувавме мерките на Владата, затоа што бидејќи, како што оцени, тие не се никакви мерки.

Бидејќи еве да го тргнеме настрана она што ние како ВМРО-ДПМНЕ го коментираме и можеби луѓето не го гледаат повеќе од еден политички аспект или политички контекст Дали имаме барем еден стопанственик, дали имаме барем едно лице што доаѓа од бизнис секторот кое што може да ги користи овие мерки и кое е задоволно од мерките, запраша Јанушев.

Јанушев додаде дека напротив, она што се гледа и воочува е дека мерките од страна на Влада се носат колку само да се каже дека нешто се случува. Односно дека нешто владата прави.

Но де факто мерките не се од никаква помош во однос на она што се случува пред се во стопаснтвото, нели зборуваме за тоа. Јас уште еднаш ќе напоменам за она што во последниот период го коментираме и комуницираме со јавноста, а тоа се 120 милиони евра пари потрошени од страна на Владата од буџетскиот дефицит. И тоа за само три месеци. А, приота не гледаме дека буквално ништо се случува, односно ниту се гради, ниту е нешто видливо и од корист за граѓаните, нагласи Јанушев.

Јанушев образложи дека единствено овие пари, оваа огромна сума од 120 милиони евра се користат за корупција и за поткуп на гласачите, во пресрет на изборите кои што требаа да се одржат на 12-ти април.

Ако тоа го сведеме на некоја тоа нели груба математика да кажеме тоа се до некаде околу 15.000 денари задолжување за секое едно семејство во Република Македонија. Да имавме држава каде што нормално функционира судството, до денеска ќе имавме и реакции од страна на обвинителството. И истото обвинителство ќе испиташе што се случува со овие пари, појасни Јанушев.

Оцени притоа дека доколку Владата продолжи нда функционира како досега, тогаш до крајот на годината ќе имаме над 1 милијарда или поточно околу милијарда и 300 милиони евра потрошени пари од буџетскиот дефицит, што е недозволиво.

Наместо да се искористат барем дел од тие пари за справување со Корона вирус, каде што би се покажала владата дека се грижи за здравјето на луѓето и пред се за здравјето на оние кои што ни се најпотребни, а тоа се здравствените работници, нагласи Јанушев.

Додаде дека освен што може да се види дека во текот на пандемијата е како владата се бори за гол популизам, единствено што прават е пи – ар, само во таа сфера се добри.