Нико има каде да оди, но чукнете главата дека во цела МК има само 12 клинички токсиколози, вели адвокатот Митровски

Адвокатот Јанаки Митровски, на неговиот фејсбук профил јавно застана во одбрана на токсикологот Нико Беќаровски, со образложение дека го познава девет години и дека таа реторика не ја користи.

„На официјален фб пејџ на МЗ од Министерот во заминување, на најгнасен можен начин, на еден од најпрофесионалните доктори, со децении посветен на нашето здравје, прогонуван од група луѓе кои не се вработени на клиниката за токсикологија, чие место таму не е а некој по партиска линија упорно ги пика, меѓу кои и лик кој отворено призна дека сакал да влијае на резултати од тестирање, се обидуваат на најгнасен можен начин да му импутираат на д-р Нико Беќаровски омраза на национален основ.

Настрана што е срамота да се лиферува рекла казала, потпишана од Бог знае кој бидејќи и имиња нема, сите кои го познаваат Нико, а имам привилегија да го познавам девет години, ЗНААТ дека посочената реторика му е туѓа. Никогаш, нити во приватна комуникација не користел никакви дерогативни термини.

Нико има каде да оди, но чукнете главата дека во цела МК има само 12 клинички токсиколози.

Максимална поддршка за врвен доктор и професионалец како Нико Беќаровски!!!“, напиша тој на фејсбук.