Никој од државниот врв не дојде на погребот на застреланата инфлуенсерка Маја Јаневск

Денеска во родниот Охрид во присуство на тесниот круг од семејството е погребана инфлуенсерка Маја Јанеска позната како „Маја Миа“ која живееше во Танзанија и под контроверзни околности почина пред точно два месеци.

Посмртните остатоци на Маја Јаневска пред 20 дена пристигнаа во Охрид од Танзанија. Маја Јаневска е погребана на Градските гробишта во Охрид во присуство само на нејзиното семејство, објави „Охридски“.

Јаневска требаше да биде почесен конзул на РСМ во Танзанија. Министерството за надворешни работи преку надлежната Амбасадата во Каиро го организираше пренесувањето на посмртните останки во Македонија.