Никол Шерцигер ги привлекла погледите со своето деколте кога се појавила на една забава во Лос Анџелес. Поранешната членка на групата „Пусикет Долс“ ја покажала згодната фигура во црни панталони и палто со зебраст дезен, под кој имала само кожен градник кој посебно ги истакнал нејзините бујни гради. Така, пејачката ги поттикнала гласините дека повторно отишла „под нож“.
Откако стана позната, Никол ги мами воздишките со својот изглед, но не била задоволна со своите гради па одлучила да вгради силикони. И додека порано главно ги криела кога се појавувала во јавноста, „преку ноќ“ почнала да се фали со градите во многу провокативни комбинации. Сепак, изгледа дека ниту тоа не и било доволно.
Кога нејзините поранешни фотографии ќе се споредат во овие поновите, делува дека Никол ги зголемила градите со поголеми импланти. Хирургот којшто го извел зафатот направил одлична работа, па нејзините гради изгледаат релативно природно, што е тешко да се изведат на тенки фигури како нејзината – рекол еден пластичен хирург.