Никогаш нема да ослабете ако…

Никогаш нема да ослабете ако...
Никогаш нема да ослабете ако...

Држите диети, вежбате упорно, но килограмите никако да заминат. Можеби правите нешто погрешно? Ви откриваме неколку навики кои сериозни ги саботираат вашите планови до лето да изгледате како извајани.

1. Не пиете доволно вода

Дехидрацијата го забавува метаболизмот, а тоа го отежнува слабеењето. Не чекајте грлото да ви се исуши. Наместо тоа често пијте вода.

 2. Често јадете надвор

Храната во рестораните е полна со мрснотии, сол и шеќер – три работи кои даваат вкус на храната и ја продаваат. Поради тоа јадете повеќе и често внесувате повеќе калории отколку што е потребно. Се’ што ќе подготвите дома најчесто би имало помалку калории. Сетете се само на разликата меѓу вашата и салата со дресинг која ја купувате во ресторан.

 3. Не спиете доволно

Многумина ги мачи несоница, но сепак и по ручекот пијат напитоци полни со кофеин. Три часа пред заминувањето в кревет не е добро ниту да се јаде, помирно и полесно ќе заспиете, а ќе внесете и помалку калории.

 4. Мислите дека брзото темпо на живот ги топи калориите

Стресот всушност гои. Со појавата на стресот се лачи коризол, а хроничниот стрес предизвикува хронично зголемување на нивото на хормонот кортизол во крвта. Ова го забавува метаболизмот и доведува до желба за храна (емоционално прејадување). Се поврзува со насобирање на маснотии во делот на стомакот.

 5. Секогаш вежбате исто

Секојпат кога вежбате изведувате едни исти вежби. Користите исти справи, ист ритам, подеднакво долго. Поради овие рутини напредокот ќе се забави или ќе стагнира. Телото се навикнува на напорот и престанува да слабее. Не е потребно долго да вежбате, доволно е да го забрзате ритамот и интензитетот на вежбите. Непрекинато менувајте ги брзината и интензитетот , така што мускулите постојано ќе се прилагодуваат. Или изведете нешто сосема ново – на интернет ќе најдете еден куп нови вежби.