Никогаш повеќе СДСМ!

За да не се повтори „Рекет“ – вмешани градоначалници на СДСМ, партиски функционери на СДСМ, државни функционери од редовите на СДСМ и исчезнати изрекетирани милиони евра

За да не се повтори „Кацарска“ судството – во кое криминалците шетаат на слобода, а политичките противници по партиска наредба и нарачка да се држат бескрајно долго во притвор и да се осудуваат на драконски затворски казни

За да не се повтори случајот со НЕЧОВЕЧКО ИЗЖИВУВАЊЕ врз Орце Камчев – утре секој еден од нас може да е новиот Орце Камчев

За да не се повтори ТЕПИХ-обвинителство

За да не се повтори ВИЛМА РУСКОВСКА

За да не се повтори БОЈАН МАРИЧИЌ

За да не се повтори да се потрошат стотици илјади евра народни пари за НАТО прослави, на кои нема луѓе

За да не се повтори милионски грабеж и пропаѓање на банка – случај „Еуростандард Банка“ тежок повеќе од 60 милиони евра

За да не се повтори да исчезнат 18 милиони евра од Фонд за пензиско осигурување

За да не се повтори фејкњус мастерот РАДМИЛА ШЕЌЕРИНСКА и аплицирањето „македонско“ знаме на летала на американската воена авијација

За да не се повтори АПСУРДНА И НЕФУНКЦИОНАЛНА ДВОЈАЗИЧНОСТ

За да не се повтори Уставот да се третира како ТОАЛЕТ ХАРТИЈА

За да не се повтори БЕТОНИРАН Идентитет

За да не се повтори аферата „ФОНД ЗА ИНОВАЦИИ“ – испумпани десетина милиони евра од државниот буџет, народни пари за партиски послушници на СДСМ

За да не се повтори случајот „РАШКОВСКИ“ – финансиски афери тешки над 10 милиони евра

За да не се повтори ТОРБАРОТ Ден Дончев

За да не се повтори сообраќајните полицајци да ни ги тепаат по улица како во случајот со „Пајакот“ кај Мавровка

За да не се повтори продавање на македонски ПАСОШИ на белосветски бараби

За да не се повтори да бидеме светска ДИПЛОМАТСКА БРУКА

За да не се повтори НИКОЛА ДИМИТРОВ

За да не се повтори брусење на шахти

За да не се повтори 30.000 дупликат матични броеви

За да не се повтори да исчезнуваат тони дрога од приватни фирми за производство на медицински канабис

За да не се повтори тортура врз медиуми

За да не се повтори полициска пресија и прогон врз неистомислениците на СДСМ

За да не се повтори ЉУПЧЕ ПУТЕР НИКОЛОВСКИ

За да не се повтори да ни ГОРАТ ЖИВИ ЛУЃЕ ПО МОДУЛАРНИ БОЛНИЦИ

За да не се повтори да бидеме СВЕТСКИ ЛИДЕР ПО БРОЈ НА МРТВИ ОД Ковид 19

За да не се повтори ПОСЛЕДНИ да добиеме вакцини за Ковид 19

За да не се повтори ПРОНЕВЕРА на 12 милиони народни евра за набавка на вакцини за Ковид 19

За да не се повтори проневера на државни пари за НАБАВКА НА РЕСПИРАТОРИ

За да не се повтори скандалозна набавка на РЕАГЕНСИ вредни 36 милиони евра во Министерството за здравство

За да не се повтори ВЕНКО ФИЛИПЧЕ

За да не се повтори Македонија да ГОРИ ВО ПОЖАРИ, а некојси Стојанче Ангелов да чека утринска роса да ги изгаси

За да не се повтори проневера на огромни суми државни пари во РЕК Битола – за ископи и набавки

За да не се повтори ХИБРИДЕН РЕЖИМ

За да не се повтори Македонија да биде во светскиот врв по КОРУПЦИЈА

За да не се повтори осуденици постојано да исчезнуваат од затворите

За да не се повтори полицајци да стануваат нарко дилери

За да не се повтори ОЛИВЕР СПАСОВСКИ

За да не се повтори КИЛАВО образование

За да не се повтори МИЛА ЦАРОВСКА

За да не се повтори општините, градовите и селата под градоначалничка палка на луѓе од СДСМ да ни бидат запустени, валкани, неорганизирани и хаотични

За да не се повтори да се УРИВА И НАМЕРНО УНИШТУВА она што е изградено и направено од наши, народни пари

За да не се повтори министрите и функционерите на СДСМ и Зоран Заев да трошат стотици илјади евра за цвеќе, апетисани и виски, наместо за градинки, болници, училишта, паркови…

За да не се повтори ПЕТРЕ ЗИП ЛАЈН ШИЛЕГОВ

За да не се повтори изградбата на автопатот до Охрид, за која се потрошени стотици милиони евра наши народни пари, да пропаѓа поради нечии лични хирови

За да не се повтори шверцерско протнување закони во Собрание

За да не се повтори деспотски одлуки по желба на премиерот да носи владата за да се заобиколи Собранието – како случајот со личните карти

За да не се повторат сто датуми за Влез во ЕУ

За да не се повтори ВИЦЕ З.

За да не се повтори ЗОРАН З.

За да не се повтори пронографско силување на државата

Ете затоа никогаш повеќе СДСМ.

Шансата е на 17 октомври.

Автор: Дејан Николовски