Никој не е виновен за инцидентот во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“

Никој не е виновен за инцидентот во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром каде во детска игра девојче заврши низ прозорец, зошто никој немал намера никого да повреди,заклучил Државниот просветен инспекторат.

Учесниците во ниту еден момент немале намера некого да повредат. На директорот и на стручната служба им е укажано да продолжат со организирање едукативни предавања и работилници за безбедно однесување на учениците, соопшти Оштина Аеродром.

Надзорот покажал и дека раководството на училиштето постапило законски, зошто веднаш по настанот се преземни сите мерки за расчистување на случајот. Изречени се педагошки мерки за несоодветно однесување на учениците, одржани се одделенски совет и вондредна родителска средба.

Инспекторите препорачаа и училишниот психолог да организира советување за учениците и родителите.