Никој не памети кога последен пат СДСМ имал водство на анкетите од релевантни институции

Божиновски: Опозициските медиуми не ги објавуваат анкетите затоа што ВМРО – ДПМНЕ секогаш е во водство
Божиновски: Опозициските медиуми не ги објавуваат анкетите затоа што ВМРО – ДПМНЕ секогаш е во водство

Универзитетскиот професор Владимир Божиновски, кој е добар познавач на состојбите во изјава за Нетпрес кратко и јасно вели:

Сите анкети без разлика на тоа кој ги правел покажуваат водство на ВМРО – ДПМНЕ во последните 10 години и затоа опозициските медиуми не ги објавуваат.

Како што посочува, дури и самите СДСМ признаваат дека ВМРО – ДПМНЕ бележи водство во сите анкети спроведени од релевантните институции.

Одвреме – навреме непосредно пред изборите во дел од медиумите што се блиски до опозицијата се појавуваат анкети во кои се говори за т.н. благо предизборно водство на опозицијата или на нивните кандидати. Таква на пример беше анкетата објавена во „Фокус“ пред претседателските избори во 2014-тата, која ја спроведоа „Фокус“ и „Рејтинг“ и во која се тврдеше дека кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски има благо водство пред Ѓорѓи Иванов што се покажа како апсолутно неточно.

Анкета на „Фокус“ и „Рејтинг“ пред претседателските избори во 2014-тата
Анкета на „Фокус“ и „Рејтинг“ пред претседателските избори во 2014-тата

Божиновски вели дека станува збор за анкети што не се спроведени од релевантни институции и нагласува дека буквално сите анкети спроведени од релевантните институции во последните десет години покажуваат дека владејачката партија има убедливо водство.

Анкетата на „Прогрес“ од 2011-тата со најголеми предизборни промашувања

Последната анкета што…