Никој не памети кога последен пат СДСМ имал водство на анкетите од релевантни институции

Последната анкета што била објавена во полза на СДСМ е онаа на институтот „Прогрес“ чии основачи се високи членови од Социјалдемократскиот сојуз, меѓу кој Каролина Ристова, Емилијан Станковиќ, Алекнсадар Чеботарев, Драган Тевдовски и други. Анкетата беше објавена во април 2011-тата, непосредно пред парламентарните избори.

Според анализите што беа направени по изборите, анкетата на „Прогрес“ направи најголеми предизборни промашувања.

Според тогашните нивни предвидувања, вкупно 20,3 проценти од граѓаните на изборите би гласале за СДСМ, додека 19,1 проценти би се изјасниле за ВМРО-ДПМНЕ, што по завршувањето на изборите се покажа како сосема неточно.

Според  конечните резултати од Државната изборна комисија ВМРО-ДПМНЕ, на парламентарните избори во 2011-тата освои 53 пратеници плус три од дијаспората, СДСМ 42, ДУИ 15, ДПА 8 и НДП 2 пратеника.

Според конечните резултати од Државната изборна комисија ВМРО-ДПМНЕ, на парламентарните избори во 2011-тата освои 53 пратеници плус три од дијаспората, СДСМ 42, ДУИ 15, ДПА 8 и НДП 2 пратеника.
Според конечните резултати од Државната изборна комисија ВМРО-ДПМНЕ, на парламентарните избори во 2011-тата освои 53 пратеници плус три од дијаспората, СДСМ 42, ДУИ 15, ДПА 8 и НДП 2 пратеника.

Најблиску до овие резултати беше истрашувањето на Институтот за политички истражувања (ИПИС), спроведено на 1.111 испитаници по телефон во периодот од 26- ти до 28-ми мај. Според оваа анкета Институтот предвидуваше за ВМРО – ДПМНЕ 52 места во парламентот, СДСМ 34, ДУИ 14, ДПА 8, НДП 4 пратеници и останатите за малите политички партии.

Според анкетата на „Прогрес“ од 21 – 22 април СДСМ имаше водство од 20,3 спрема 19, 1 за ВМРО-ДПМНЕ и над 50 отсто од граѓаните сметаат дека Шекеринска заслужува да биде премиер, што се покажа како неточно по втор пат. Во наредната анкета која што излезе еден месец подоцна се зголемила разликата и СДСМ имал 22,3, а ВМРО-ДПМНЕ 19,8 отсто.

Последната анкета на „Прогрес“ спроведена од 26 – 28 мај уште повеќе беше во полза на СДСМ кои што имале 22,9 отсто а владеачката ВМРО-ДПМНЕ 19,6 отсто, што се покажа дака нема врска со реалниот сооднос на двете најголеми политички партии.

Молк во опозициските медиуми по анкетата на ИРИ

Наспроти позитивното расположение и довербата која македонските граѓани ја даваат за премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, стои недовербата кон претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој самиот, во неколку наврати подвлече дека се спрема да биде новиот премиер на Македонија.

Во текот на вчерашниот ден владееше штама и молк во опозициските медиуми за рејтингот на Заев, а ниту еден збор и бројка не се пренесени за рејтингот на претседателот на СДСМ. Оттука логично дел од медиумите го поставија прашањето: Дали е ова случајно или намерно? Дали опозициските медиуми намерно не го пренесуваат податокот поврзан со рејтингот на Зоран Заев како против кандидат на Груевски?

ИРИ: ВМРО – ДПМНЕ со двојна предност пред СДСМ

Според резултатите…