Никој не памети кога последен пат СДСМ имал водство на анкетите од релевантни институции

Според резултатите од најновата анкета на реномираниот и угледен Американски републикански институт (ИРИ) со седиште во Вашингтон, што беа објавени денес, ВМРО-ДПМНЕ има двојна предност пред СДСМ.

Вкупно 24 проценти од граѓаните се определиле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, а за СДСМ двојно помалку, односно само 12 проценти.

Денес стана јасна причината зошто СДСМ ја криеше бројката за рејтингот на Заев. Односно тој има рејтинг од само 5%, наспроти 18% на премиерот Груевски. Вкупно 35 % од граѓаните сметаат дека Никола Груевски заслужува реизбор.

Скоро тројно повеќе од граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ работи понапорно да ја добие поддршката од избирачите. Вкупно 27% сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ е поактивна и работи понапорно, наспроти само 10% кои сметаат дека тоа е СДСМ.

Анкетата на Интернационалниот Републикански Институт е теренска, и е направена во периодот од 29.09 до 05.10.2015-та година на репрезентативен примерок од 1.106 испитаници. Според последната анкета на ИРИ, 35% од граѓаните веруваат дека премиерот Груевски треба да биде реизбран. Во споредба со анкетата од јуни, кога 32% од анкетираните сметаа дека Груевски заслужува да биде реизбран, во последната анкета на ИРИ, поддршка за реизбор на премиерот даваат 35% граѓани. Се намалува за 3% бројот на оние кои сметаат дека Груевски не треба да добие нов мандат.

Инаку, според анкетата на ИРИ од јули, ВМРО-ДПМНЕ е со убедлива и огромна предност пред СДСМ и има повеќе од двојна предност. ВМРО-ДПМНЕ убедливо води со 23 отсто доверба меѓу граѓаните, наспроти политичкиот опонент СДСМ во кого веруваат само 11 отсто од анкетираните.

Таа анкета покажа дека меѓу лидерите на политичките партии премиерот Груевски е со убедливо најголема доверба. Во него веруваат 18 проценти од анкетираните граѓани, што е за 2,5 пати поголема поддршка во однос на Зоран Заев кој има доверба кај само 7 отсто од народот.

Сите релевантни анкети покажуваат убедливо водство на ВМРО – ДПМНЕ

Убедлива предност…