Никој не сака воен конфликт во Украина, пишува германскиот весник „Ди Зеит“. Наместо да го исклучуваат Владимир Путин од дискусиони групи, лидерите на Европската унија треба да бараат решенијата заедно со Москва.
Постојат две сигурни нешта за украинската криза. Прво: пристапувањето на Крим кон Руската Федерација не може да биде вратено назад, а револтот на Западот колку и да е силен и голем нема да го промени тоа. Второ: никој не сака вооружен конфликт.
Со драстичните санкции Американците и Европејците сакаат да го одврати Кремљ од неговата евентуално намера да ја превземе цела источна Украина.
Санкциите, сепак се нож со две острици, бидејќи во никој случај не е сигурно дека при настанување на посериозна ситуација, западот ќе ја задржи решеноста да води една бескрајна трговска војна, имајќи ги предвид огромните штети врз сопствената економија.