Новиот директор на ПИОМ, Никола Мемов, своевремено додека бил горд член на СДСМ, си се омрсил со пари од Фондот за иновации, и тоа како што самиот тогаш изјавил, како консултант на копанија чиј проект бил награден од ФИТР.
Никола Мемов од СДСМ се омрсил со пари од Фондот за иновативност
Своевремено, во 2018 година, Никола Мемов самиот си се пофалил на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, за народните пари добиени од Фондот за иновации.
Компанијата чиј консултант бил Мемов е Гигабел Компјутерс од Тетово и добила 11,381.160 денари, односно околу 185.000 евра. Колкав бил консултантскиот хонорар на Никола Мемов нема информација.
Мемов, кој според неговите изјави 25 години бил горд член на СДСМ, ја напушта партијата и преминува во ноформираната ЗНАМ, на Максим Димитриевски, каде беше назначен за портпарол.
„Дали тој го повлекол потегот само за да остане по државни функции? Какви реформи и напредок може да донесе овој политичар, кога довчерашнаата негова партија целосно го урниса системот на функционирање на државава? Го интересира ли само енормно големата директорска плата и дузината привилегии кои следуваат со директорската функција?“.
Ова се само дел од прашања на граѓани, кои ги поставуваат по социјалните мрежи, откако по медиумите беше објавена веста дека тој е назначен за директор на ПИОМ.
Инаку, месечната плата на директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување изнесува околу 120.000 денари.