Николај Младенов е вториот бугарски политичар во Пандора документите

Поранешниот бугарски министер за одбрана и за надворешни работи во владите на Бојко Борисов, Николај Младенов, регистрирал офшор компанија на Сејшелите преку швајцарски посредник и е вториот политичар од замјата за кого се појавија документи во обемното досие „Pandora Papers“ кое открива како светски политички челници, бизнисмени и славни личности го криеле клапиталот и избегнувале плаќање даноци.

Според наводите на веб-ресурсот bird.b. Младенов ја регистрирал офшор компанијата во август 2013 година, неколку месеци откако ја напушти бугарската политика како една од водечките личности во тогаш владејаќката ГЕРБ и една седмица откако стана специјален претеник на Обединетите нации во Ирак. Бугарскиот дипломат ја презема фукцијата за Ирак и Блискиот исток на 2-ри август во 2013 година а компанијата „Afron Enterprises Ltd.“ е основана на 9-ти август истата година, покажуваат документите.

Младенов за медиумите објасло дека по завршувањето на неговиот министерски мандат имал намера да започне да се занимава со консултантска дејност, но можноста да работи во ОН ги променила неговите намери и тој „заборавил“ на регистрираната компанија, којашто никогаш не работела и немала сметки и финански трансакции.

„Отсекогаш ги почитував новинарите и нивните напори да дојдат до вистината и соработував со нив во интерес на транспарентноста. Регистрацијата на компанијата, која се појавува на мое име, никогша не реаботеше и никогаш немаше финансиски трансакции. Во 2013 година, по завршувањето на мојот мандат, решив да започнам со приватна пракса, нов почеток. За таа цел решив да регистрирам компанија преку којашто ќе работам. Контактирва со швајцарски финансиски советници и започнав преписка со нив. Потоа добив понуда од ОН и милите пламови се променија“, рекол Младенов.

Претходно бугарските медиуми објавија дека во документите што ги објави Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ICIJ) се откива името на Делјан Пеевски, обвинувајќи го за затајување данотк, Според нив, поранешниот пратеник и медиумски магнат е поврзан со три офшор компании, за што нема податоци во изјавите за имотот поднесени од него. Тој ги негираше таквите информации.