Никола Наумоски стана шеф на кабинетот на Шилегов

Никола Наумоски братучедот на Радмила Шекеринска и граѓански активист e назначен за шеф на кабинетот на новиот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов.

Наумовски беше редовен учесник во протестите на Шарената револуција, а познат е и по тоа што физички го нападна новинарот Љупчо Златев од ТВ Сител и Антонио Димитриевски.

Тој беше еден од најгласните водачи на граѓанските здруженија „Плоштад Слобода“, „Распеани скопјани“ и „Паркобрани“.

Исто така, Наумоски ја водеше изборната кампања на Шилегов со која освои околу 40.000 гласа повеќе од досегашниот градоначалник, Коце Трајановси.