Никола Јокиќ стана татко, ќерката доби традиционално име

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ стана татко откако неговата сопруга Наталија утрово роди девојче.

Ѕвездата на НБА и кошаркар на Денвер Нагетс веќе долго време го најавува раѓањето на детето и го опиша како најсреќниот момент во неговиот живот.

Во неодамнешното обраќање до американските медиуми, Јокиќ рече дека има страст кон коњите и дека тоа најмногу го исполнувало, додека не го дочекал раѓањето на детето, што се оствари денес.

https://twitter.com/KKMegaBasket/status/1443542310999007232?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1443542310999007232%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkajgana.com%2Fnikola-jokik-stana-tatko-kerkata-dobi-tradicionalno-srpsko-ime

Наталија и Никола веќе одлучија како ќе се вика детето. Имено, ќерката ќе се вика Огњена, што е старо српско име, не толку популарно во поново време.

Јокиќ минатото лето се најде на удар на критичарите во Србија откако одби да игра за репрезентацијата, а дополнително го разгоре „огнот“ со изјавата дека не се кае и дека повторно би го направил истото.