Николас Кејџ ќе стане татко по трет пат, со 30 години помладата сопруга чекаат ќерка

Николас Кејџ и неговата 30 години помлада сопруга Рико Шибата очекуваат дете, а легендарниот холивудски актер за првпат проговори за полот на бебето и откри и како ќе се вика.

Имено, гостувајќи во една емисија, тој открил дека во нивниот дом ќе пристигне ќерка.

„Ќе добиеме девојче“, изјавил Кејџ, а публиката го наградила со аплауз.

Нешто подоцна открил дека девојчето ќе се вика Ленон Оги, по покојниот Џон Ленон и таткото на Николас – Август „Оги“ Копола.

Актерот се присетил на времето кога неговиот татко бил диџеј и ја пуштал песната „Across The Universe“ на Битлси. Кејџ имал 4 години кога за првпат ја слушнал песната и истакнал дека останал „вкочанет“ во место. Оттогаш таа му е омилена песна на сите времиња.

За потсетување, Николас ја запознал сопругата во нејзината родна Јапонија во 2020 година. Кратко потоа парот се верил и тоа по пат на „FaceTime“, а се венчаа минатата година на 16-ти февруари.

Ова за актерот ќе биде трето дете. Тој во 1990 година го доби синот Вестон од врската со Кристина Фултон. Веридбата траела кратко, но останале во добри односи поради детето. Од третиот брак со Алис Ким го доби синот Кал-Ел во 2005 година.

За младата Рико ова ќе биде прво дете.