Венецуелскиот претседател Николас Мадуро победи на претседателските избори во неделата со речиси 70 отсто од гласовите на избирачите и така го освоија уште еден шестгодишен мандат, по пребројувањето на речиси сите гласачки ливчиња.
Социјалистичкиот претседател освои 67,7 отсто од гласовите или 5,8 милиони а неговиот главен противкандидат Анти Фалкон кој не ги признава изборните резултати – 21,2 отсто или 1,8 милиони, соопшти претседателката на централната изборна комисија Тибисај Лусена, оценувајќи дека станува збор за „тренд кој нема да се промени“.
Николас Мадуро им се обрати на приврзаниците изразувајќи поради „историскиот рекорд“.
„Никогаш претходно претседателски кандидат не победил со 68 отсто од гласовите на народот и никогаш претходно немал 47 отсто предност пред вториот кандидат“, изјави Мадуро пред мноштвото пред палатата Мирафлорес.
Анри Фалкон нешто претходно го осуди „недостигот од легитимност“ на овие избори и побара распишување нови до крајот на годината.
„Не го признаваме овој изборен процес, за нас избори немаше. Во Венецуела мора да се распишат нови избори“, изјави на прес-конференција обвинувајќи ја владата дека вршела притисок врз избирачите.
Противникот на Мадуро предупреди на „црвените точки“, шатори коишто ги постави владејачката партија PSUV. Избирачите во неделата по гласањето заминувале таму каде што наводно се запишувале, во надеж дека ќе добијат помош која претседателот ја вети.
„Ширум земјата имаше 12.711 црвени точки (…) Таму, се претпоставува, добивале вирман на 10 милиони боливари (по гласањето). Тоа е 87,6 отсто од 14.000 избирачки места“, додаде Фалкон предупредувајќи дека избирачките места биле отворени подолго отколку што било најавено и дека некои од набудувачите биле исфрлени.
Педесет и шестгодишниот Анри Фалкон, приврзаник на политиката на покојниот претседател Уго Чавез, се кандидираше по излегувањето од опозициската коалиција MUD која ги бојкотира изборите нарекувајќи ги „измама“.
Ниту вториот опозициски кандидат, 48-годишниот евангелистички Хавиер Бертучи не ги призна резултатите од изборите и повика на распишување нови.
Одѕивот на гласачите бил 46,1 отсто, објави изборната комисија, што е далеку помалку од минатите претседателски избори во 2013 година, кога изнесуваше 80 отсто. Опозицијата тврди дека тој податок е зголемен и дека на изборите излегле околу 30 отсто од гласачите.
Освен опозицијата, изборите не ги признаваат ниту САД, Европската унија и Групата од Лима, сојузот на 14 земји од Америка и Кариби.
Околу 20 милиони гласачи беа повикани на неделните предвремени претседателски избори на коишто Мадуро имаше најголеми шанси, иако 75 отсто Венецуелци не ја одобрува неговата политика којашто ја сметаат виновна за недостигот од хранот, лекови и електрична енергија, на што се надоврза и порастот на несигурноста.