
Србија нема никаква намера да се приклучи кон каков и да било воен сојуз, но ќе продолжи да ги поддржува мировните операции на ОН и ЕУ.
Ова, како што пренесува МИА, го изјавил претседателот на Србија, Томислав Николиќ, по завршувањето на вчерашната средба на регионалните лидери од процесот Брдо-Бриони во Сараево.
Притоа Николиќ истакна дека сити лидери од земјите во регионот покажале разбирање за ваквата одлука на Србија.
Според него, разликите што постојат во однос на членството на НАТО, е работа на секоја земја одделно.
Николиќ истакна дека искрено сака Србија да стане членка на ЕУ и дека ќе земјата ќе се потруди да ги исполни условите кои се поставени пред нив.