Српкиот претседател Томислав Николиќ изјави дека спорот меѓу Србија и Хрватска за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (ИЦЈ) во Хаг е заробеник на лошата политичка клима во Хрватска.
Николиќ во интервју за „РТС“ истакнал дека политичката ситуација во Србија не зависи од тоа дали Белград ќе се откаже од противтужбата за геноцид, за разлика од Хрватска.
„Меѓутоа, најдорбиот претседател за односите со Србија, Иво Јосиповиќ и најдобрата Влада во Хрватска на премиерот Зоран Милановиќ, не се осмелуваат да ја повлечат тужбата“, истакнал Николиќ, оценувајќи дека судбината на тој спор пред ИЦЈ е „заробеник на лошата политичка клима во Хрватска“.
„Ако се тужиме за геноцид, кого да убедуваме дека сме пријатели и дека само глумиме дека се тужиме. Или глумиме пријателство или глумиме дека се тужиме“, посочи Николиќ.
Претседателот на Србија навел дека хрватската страна поставила услов Србија да ги открие масовните гробници во Србија во кои се закопани Хрвати.
„И ние би можеле да им поставиме 15 услови, тие да ги откријат масовните гробници на Србите, да го вратат имотот, пензиите, да гарантираат апсолутна безбедност и дека никој не смее да биде нападнат ако се вратат“, посочил Николиќ.