Српскиот претседател Томислав Николиќ изјавил дека е време лидерот на Српската напредна партија, Александар Вучиќ да биде премиер на Србија, пренесува денеска весникот „Вечерње новости“.
Според зборовите на Николиќ на последната средба со премиерот Ивица Дачиќ и вицепремиерот Александар Вучиќ, сите не ја поддржале идејата за предвремени избори, но кога се разделиле сите биле согласни дека тие и се потребни на земјата.
„Кога се разделивме никој не беше против изборите“, изјавил Николиќ.